32 СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА

На претстојната 32. седница, Советот на Општина Гевгелија ќе расправа по Предлог- измените и дополнувањата на Буџетот на Општина Гевгелија за 2023 година. Согласно измените и дополнувањата на Буџетот, Советот ќе ги разгледа и Предлог- Програмите за измена и дополнување на Програмата за уредување на градежното земјиште во Општина Гевгелија и Програмата за изградба, реконструкција, рехабилитација, одржување и заштита на општинските улици и патишта за 2023 година.
 
На дневен ред пред советниците ќе се најде и Предлог-Одлуката за уврдување цени за зонското паркирање во општина Гевгелија. Покрај овие акти, Советот на Општина Гевгелија, на својата 32. седница, ќе одлучува и по Измените и дополнувањата на Финансовите планови на образовните и културните институции и детската градинка. 
 
Од областа на урбанистичкото работење, ќе се најдат неколку Предлог- Одлуки и прифаќање на иницијативи за носење на Урбанистички планови и изработка на урбанистички проекти.
32. седница на Советот на Општина Гевгелија ќе се одржи на 19 октомври 2023 година, во Малата сала на Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 10:30 часот.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *