ОБЈАВЕНИ КОНКУРСИТЕ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ ПРОЕКТИ ОД КУЛТУРАТА И СПОРТОТ ВО ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА ЗА 2024 ГОДИНА

Oпштина Гевгелија го објави Конкурсот за финансирање проекти од областа на култура од значење на општина Гевгелија за 2024 година. На Конкурсот, имаат право да учествуваат: уметници, самостојни уметници, установи од областа на културата со седиште во општина Гевгелија, здруженија на граѓани, физички и правни лица, регистрирани во државата за дејности од областа на културата, согласно Законот за културата и други позитивни законски прописи.
 
Конкурсот е отворен до 15 ноември 2023 година. Пријавите со потребните документи, апликантите треба да ги достават до Општина Гевгелија, преку пошта на адреса: ул. „Димитар Влахов“ бр.4, Гевгелија или во Архивата на Општина Гевгелија, најдоцна до 16:00 часот на последниот ден од завршувањето на Конкурсот, со назнака „Конкурс за финансирање проекти од областа на културата за 2024 година“.
 
Апликантите задолжително треба да ги достават пријавите и по електронски пат (Word документ) на следнава е-mail адреса: petarjancev@yahoo.com. Резултатите од Kонкурсот ќе бидат објавени во вид на Програма за финансирање проекти од областа на културата од интерес на Општина Гевгелија за 2024 година, којашто ја носи Советот на Општина Гевгелија, а ќе биде објавена во Службен гласник и веб-страницата на Општината. Дополнителни информации можат да се добијат на тел.: 071/207-199 и 075/219-453.
 
Општина Гевгелија ги потсетува корисниците на буџетски средства по Програма за финансирање на програми и проекти од областа на културата од интерес на општина Гевгелија за 2023 година дека се должни да достават наративен и финансов извештај за реализираните активности до крајот на декември 2023 година. Носителите на активности кои нема да достават финансов и наративен извештај, нема да бидат опфатени во Програмата за наредната година.
 
Oпштина Гевгелија го објави и Конкурсот за финансирање: програми, проекти, натпревари и манифестации од областа на спортот за 2024 година. На Конкурсот, имаат право да учествуваат правни и физички лица од државата. Под правни лица се подразбираат: спортски здруженија, спортски клубови, здруженија на граѓани, училишни спортски сојузи, трговски друштва, акционерски друштва, трговци поединци регистрирани за вршење дејност спорт, како и правно лице кое покрај регистрацијата за вршење дејност од друга област, е регистрирано и за вршење дејност спорт.
 
Конкурсот e отворен до 15 ноември 2023 година. Пријавите со потребните документи апликантите треба да ги достават до Општина Гевгелија, преку пошта на адреса: ул. „Димитар Влахов“ бр.4, Гевгелија или во Архивата на Општина Гевгелија, најдоцна до 16:00 часот на последниот ден од завршувањето на Конкурсот, со назнака „Конкурс за финансирање програми, проекти, натпревари и манифестации од областа на спортот за 2024 година“.
 
Aпликантите задолжително треба да ги достават пријавите и по електронски пат (Word документ) на следнава е-mail адреса: petarjancev@yahoo.com. Резултатите од Kонкурсот ќе бидат објавени во вид на Програма за финансирање: програми, проекти, натпревари и манифестации од областа на спортот за 2024 година, којашто ја носи Советот на Општина Гевгелија, а ќе биде објавена во Службен гласник и веб-страницата на Општината. Дополнителни информации можат да се добијат на тел.: 071/207-199 и 075/219-453.
 
Општина Гевгелија ги потсетува корисниците на буџетски средства по Програма за финансирање на спортските активности во општина Гевгелија за 2023 година дека се должни да достават наративен и финансов извештај за реализираните активности до крајот на декември 2023 година. Носителите на активности кои нема да достават финансов и наративен извештај, нема да бидат опфатени во Програмата за наредната година.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *