СО РЕБАЛАНС, ЗГОЛЕМЕН БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА ЗА 2023 ГОДИНА. РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА ОСНОВНИОТ БУЏЕТ ДО ДЕНЕС Е ПОВЕЌЕ ОД 100 ПРОЦЕНТИ

Со измените и дополнувањата, усвоени на вчерашната 32. седница на Советот на Општина Гевгелија, вкупниот износ на Буџетот е утврден на 640.064.602 денари. Зголемувањето на Буџетот на Општина Гевгелија за 2023 година се однесува на зголемување- на Основниот буџет за 26.253.540 денари, буџетот на самофинансирање за 238.000 денари и буџетот на дотации за 15.960.581 денар, додека за 940.031 денар се намалува буџетот на донации. Овие средства во висина од 41.512.090 денари се пренесени во одредени програми и ставки во Буџетот на Општина Гевгелија за 2023 година.
 
На крајот на расправата по повод Измените и дополнувањата на Буџетот на Општина Гевгелија за 2023 година, градоначалникот Сарамандов истакна дека ова зголемување се должи на реализацијата од 75% од Основниот буџет до јули месец оваа година, со што Министерството за финансии со допис од 06.10.2023 година дозволува зголемување на Буџетот на Општина Гевгелија во износ од 41.512.090 денари. При тоа тој напомена дека веќе со вчерашниот датум, 19 октомври 2023 година, реализацијата на Основниот буџет достигнала 246 милиони денари, што е повеќе од 100 проценти од проектираниот за оваа година.
 
Инаку, со измените и дополнувањата, во Буџетот на Општина Гевгелија за 2023 година, капиталните приходи во вкупната структура учествуваат со 43.779.554 денари или 6,84%, додека капиталните расходи во Основниот буџет со 34,64% или 79.830.242 денари, со што ја задржуваат развојната компонента на Општина Гевгелија.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *