ПАРИЧНИ НАГРАДИ ЗА ЧЕТВОРИЦАТА ГЕВГЕЛИСКИ ПОЖАРНИКАРИ КОИ УЧЕСТВУВАА ВО СПАСУВАЧКАТА МИСИЈА ВО ТУРЦИЈА

Општина Гевгелија парично ги награди пожарникарите од ТППЕ- Гевгелија со по 30.000 денари за нивното учество и пожртвуваност во спасувачката мисија за справување со последиците од катастрофалниот земјотрес во Република Турција. 
 
Имено, Советот на Општина Гевгелија, на последната 32. седница, по иницијатива на градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, одлучи едногласно од Буџетот на Општина Гевгелија да се издвојат 120.000 денари за пожарникарите: Дејан Иванов, Димитар Георгиев, Горан Митров и Кире Калинов.
 
Во февруари, годинава, во знак на солидарност и поддршка, Општина Гевгелија испрати четири пожарникари, како дел од републичките сили за заштита и спасување, да помагаат во справувањето со последиците од катастрофалниот земјотрес во Република Турција и бидат дел од спасувачките екипи за извлекување на жртвите.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *