ФИЛМОТ „КИНО ЉУБОВ“ НА ЈАНИ БОЈАЏИ ЌЕ БИДЕ ПРИКАЖАН ВО ГЕВГЕЛИЈА

Утре (25 октомври 2023 година), Домот на култура „Македонија“- Гевгелија, во Народниот театар- Гевгелија, ќе го прикажува македонскиот филм во режија на Јани Бојаџи, „Кино Љубов“.
Емитувањето на филмот ќе започне од 19:30 часот, со влезница по цена од 100 денари. Картите се пуштени во продажба и можат да се набават во Народниот театар- Гевгелија. Филмот е наменет за публика над 16 години.
 
„Кино Љубов“ е во продукција на „Синемон медиа фактори“ и „Револушн“. Во главните улоги, настапуваат: Дејан Лилиќ, Јелена Жуѓиќ, Роберт Ристов, Мирјана Ристов и Благоја Чоревски како специјална ѕвезда гостин. Автор на музиката е најголемиот македонски филмски композиторот Горан Трајковски, дизајнер на звук е исто така реномираниот Игор Василев-Новоградска, продукциски дизајнер е Лазе Трипков, оператор на камера е Марко Најдановски, а директор на фотографија Иван Зоровски.
 
„Кино Љубов“ ја раскажува приказната за актерот Коста, кој четири години е без ангажман во неговиот театар. Згора на сѐ, се случува епидемија на коронавирус. Неиграњето го убива. Така доаѓа на идеја дека тоа е моментот да го реализира својот животен сон да направи приватно кино во кое ќе се прикажуваат само љубовни филмови. И зема заем од својот шура Стево, инаку познат лихвар во градот. И покрај настојувањето на целото семејство да ја разбере ситуацијата дека Коста не може да го врати заемот, Стево е немилосрден, си ги сака парите назад. Така се растура семејството потонато во меѓусебни долгови и недоразбирања, кои завршуваат со бомба, која под автомобилот на Стево му ја подметнуваат сопругата и сестрата.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *