СЛОВЕНЕЦОТ БОРУТ ПОДГОРНИК ЈА ИЗМЕРИ ПАТЕКАТА ЗА ТРКАТА „NOVEMBER RUN GEVGELIJA 2023“

Борут Подгорник, бивш маратонец, а денес атлетски судија и мерач на тркачки патеки со А лиценца, во текот на денешниот ден изврши мерење на патеката по која ќе се одвиваат уличните трки на „NOVEMBER RUN GEVGELIJA 2023“.
 
Со денешното мерење Гевгелија и Атлетскиот клуб “7-ми Ноември” ќе добие сертификат за адекватно измерена тркачка патека по AIMS стандардите. Важноста на овој сертификат е во тоа што само резултати и рекорди постигнати на вака сертифицирана патека се признаваат од страна на Меѓународната атлетска федерација како и Атлетската федерација на Македонија.
 
Борут Подгорник е роден во Марибор, и како мерач на патеки работи веќе 4 години при што има измерено над 60 патеки во Словенија, Хрватска, БИХ и Србија. Мерењето во Гевгелија тој го изврши со велосипед на кој беше поставен Jones мерач, калибриран по специјална постапка.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *