НА ДЕНЕШЕН ДЕН, 2006 ГОДИНА, ПОЧИНА НАСКО ЏОРЛЕВ, ХАРМОНИКАШ И АВТОР НА ОБНАРОДЕНИТЕ ПЕСНИ „ВО СТРУМИЦА НА УЛИЦА“, „ФАТО МОРИ ДУШМАНКЕ“, „НЕ КАЖУВАЈ ЛИБЕ ДОБРА НОЌ“

На 74-годишна возраст, на 28 октомври, 2006 година, почина еден од последните доајени на македонската народна музика Наско Џорлев. Со неговата хармоника, зад себе оставил стотици песни како „Не кажувај либе добра ноќ“, „Во Стумица на улица“, „Фато, мори, душманке“, „Дедо мили златни“ и многу други. Од неговата школа „Оркестарот на Наско Џорлев“ излегле плејада пејачи и музичари, како што се Петранка Костадинова, Виолета Митева, Уснија Реџепова, Ферус Мустафов и многу, многу други.
 
Долги години бил предводник на фамилиjарниот Бенд Џорлеви кој свирел на многу забави, свадби…
Внук е на Ристо војвода, другар од Кукуш на Гоце Делчев, Наско Џорлев бил воспитуван и израснат во патриотски дух, што не ретко се изразувал и во неговите песни. Музичкиот талент го води на студии по фолклор во Белград, а по завршувањето се враќа во Струмица, каде што извесно време работи како професор по хармоника и труба. Со формирањето на својот „Ансамбл на Наско Џорлев“, го напушта професорството и тргнува да живее со естрадниот леб, по патишта и турнеи.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *