ПРОМОЦИЈА ВО ГЕВГЕЛИЈА НА ИНТЕРАКТИВНАТА АПЛИКАЦИЈА „КОМУНИТИ“

На плоштадот во Гевгелија денеска беше промовирана интерактивната апликација Комунити преку која граѓаните може да ги дознаат сите информации поврзани со општината во која живеат и директно да комуницираат со општинската власт за прашањата кои им се важни.
Покрај тоа, како што велат креаторите на апликацијата од Индиго, граѓаните може да праќаат известувања, поплаки или пак да пишуваат статии.
 
-Апликацијата е изградена врз принципите на инклузивност и достапност кон корисниците, обезбедувајќи дека сите членови на заедницата – без оглед на возраста, потеклото или техничкото знаење – можат активно да учествуваат во обликувањето на иднината на нивната општина.
Преземањето на апликацијата Комунити е многу едноставно преку мобилните продавници за апликации (App store), со персонализирање на искуството на корисниците, уредување на профилот и регистрирање на личните преференции, по што веднаш може да се користи, велат од Индиго.
 
Комунити караванот, како што посочуваат, е осмислен како динамичен настан за вклучување на различни чинители во заедницата, вклучувајќи локални лидери, активисти, едукатори, претприемачи и жители.
-Преку ова патувачко претставување, граѓаните од општините Гевгелија, Струмица, Гостивар, Охрид, Чаир и Шуто Оризари ќе земат активно учество во одржливиот развој на заедницата, зачувувањето на животната средина, различноста и вклученоста, дигиталната писменост и вклученост на сите чинители во поедноставен живот.Настанот е организиран во рамки на проектот на УСАИД „Здружи се за заедницата“, спроведуван од асоцијацијата Конект, a во партнерство со Фондацијата Аполонија, Индиго и ЕВН.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *