ХРИСТИЈАН МИЦКОВСКИ ВО ПОСЕТА НА ГЕВГЕЛИЈА

СО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ САРАМАНДОВ ИЗВРШИЈА УВИД ВО ИЗГРАДБАТА НА ЗАПАДНИОТ БУЛЕВАР, НОВИОТ ГРАДСКИ ПАРК, ПАЗАРОТ ВО МИРАВЦИ И СПОРТСКОТО ИГРАЛИШТЕ ВО ООУ „РИСТО ШУКЛЕВ“
 
Денеска, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски, заедно со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носителот на листата во изборната единица 4, Александар Николоски, на покана на градоначалникот Андон Сарамандов во Гевгелија заедно со пратеничката Ангелина Петкова, заедно со претседателот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, заедно со гевгеличани, направија увид на неколку проекти кои што локалната самоуправа на чело со Сарамандов како градоначалник и администрацијата ги прават во Општина Гевгелија.
 
Најпрво, тие беа во Миравци каде што пред неколку дена започнаа изведбените работи за новиот пазар кој таму се гради. Потоа го посетија населеното место Негорци каде што во завршна фаза е реконструкцијата на спортското игралиште во рамките на основното училиште Ристо Шуклев во ова населено место и младите тука добиваат еден прекрасен спортски објект и учениците но и рекреативците од ова населено место.
 
Исто така во градот Гевгелија тие го означија и завршувањето на реализацијата на проектот Модерен урбан парк кој се простира на 6.000 метри квадратни во Гевгелија и прв ваков парк од ваков тип во Гевгелија, и на крајот беа на увид на изведбените работи на проектот улицата Св. Климент Охридски или попознат кај гевгеличани, Западен булевар.
 
При денешната посета на општина Гевгелија претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на платформа 1198 и дали се предвидени пари за општините истакна дека во програмата на ВМРО-ДПМНЕ планирани се 250 милиони евра за општините и 1 милијарда евра во рамките на четиригодишен мандат за развој на општините и решавање на потребите на граѓаните.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *