УТРЕ ЌЕ БИДАТ ЗАСАДЕНИ ДРВЦА И РАСТЕНИЈА ВО ИНКЛУЗИВНИОТ ПАРК „ИЦЕ БЕГОВ“

Фондацијата „Ице Бегов“ моментално предводи иницијатива за опремување на прв инклузивен јавен парк „ИЦЕ БЕГОВ“ во Гевгелија, кој се планира да биде пуштен во употреба на 13 април (сабота) 2024 година. Целта на овој проект е да го ревитализира урбаниот простор во дворот на Пионерски дом, и да поттикне инклузивност и пристапност за сите членови на нашата заедница.
 
Од фондацијата ги покануваат институциите и граѓаните да им се придружат на садењето дрвца и растенија во новиот парк во сабота на 6.04.2024 година од 12 часот, со што ќе се даде поголема видливост на овој хуман проект со кое ќе се направи позитивно влијание во нашата заедница.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *