ГОРЕШЕ УНИВЕРЗАЛНА САЛА, ДАЛИ ПОВТОРНО ЌЕ БИДЕ ВИНОВЕН КАБЕЛОТ ?

Претпладнево за само неколку минути се распламти голем пожар кој изби во Универзална сала и оштети огромен дел од нејзната конструкција.
Дали некој за ова ќе го „изгори“ срам или следејќи ја добро утврдената практика за префрлање на вината од еден на друг, сѐ оди во правец на посочување повторно кон тој „несреќен кабел“. Така наговести сопственикот на фирмата изведувач на градежните работи, „Универзал Балкан“-Скопје, кој претпоставува дека е можно пожарот да бил предизвикан од стар кабел или од старата инсталација.
 
И, така, среде тендер за реконструкција, изгоре симболот на светската солидарност, изграден по катастрофалниот земјотрес во Скопје, во 1963 година. И, не само тоа, изгореа во душата на многу скопјани, сеќавањата и малиот милион работи кои се случуваа во оваа сала, почнувајќи од Фестивалот на забавни мелодии „Скопје“, Фестивалот за деца „Златно славејче“, па преку големиот број на концерти на познати домашни и странски музички имиња од светот на популарната и џез музиката.
Требаше ли ова да ни се случи? Одговорот ќе го одвее ветерот на обвинувањата кој е крив?

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *