АНСАМБЛОТ „БОЈМИЈА“ ГО ОСВОИ ПРВОТО МЕСТО НА ФОЛКЛОРНО-ИЗВОРНИОТ ФЕСТИВАЛ „ГАЈДА“ ВО ИЊЕВО, РАДОВИШКО

По пет години пауза, во неделата, на 14 април, 2024 година, во организација на Здружението на граѓани за фолклор и традиција „Ињевска Гајда“, ФОЛКЛОРНО ИЗВОРНИОТ ФЕСТИВАЛ „Гајда“ 2024, повторно успеа да се возобнови.
 
На 28-то издание на фестивалот, кој е од посебна категорија, бидејќи истиот имаше натпреварувачки карактер,учество зедоа 10 друштва и ансамбли од Радовиш, Делчево, Прилеп, Битола, Македонска Каменица, Кочани, Демир Хисар, Штип, Кавадарци и Гевгелија. Стручната жири комисија составена од членовите: проф. д-р Горанчо Ангелов, проф. д-р Родна Величковска, доц. м-р Христијан Николовски, доц. м-р Силвестер Проле, м-р Тијана Јаневска и виш кустус етнолог Бети Иванова ги оценуваа друштвата и ансамблите според играчките, вокалните, инструменталните карактеристики, и одлучија Првата награда да ја доделат на Ансамблот „Бојмија“ од Гевгелија, Втората награда отиде во рацете на ФГ „Копачка“ од село Драмче, додека Третата ја доби Фолклорниот ансамбл „Тиквеш“ од Кавадарци.

Учеството на Ансамблот Бојмија е поддржано од Министерство за Култура со проектот Концертни активности на Ансамбл БОЈМИЈА за 2024 година.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *