ПОРАДИ „БЕЛАТА ЧУМА“ И ИСЕЛУВАЊЕТО СЕ НАМАЛУВА БРОЈОТ НА УЧЕНИЦИ И ВО ОСНОВНИТЕ И ВО СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА

Според податоците на Државниот завод за статистика, на крајот на учебната 2022/2023 година, бројот на учениците во редовните основни училишта изнесувал 182 245, што претставува намалување за 1,4% во однос на претходната учебна година.
 
Во редовните средни училишта, бројот на учениците на крајот на учебната 2022/2023 година изнесува 66 678, што претставува намалување за 3,9% во однос на претходната учебна година.
Вкупно 14 училишта во Македонија се затвориле во период од само една учебна година, покажуваат најновите бројки за бројот на училишта.
 
Бројките се резултат и на демографските карактеристики на овие податоци. Имено, статистичарите забележуваат дека „паѓа и бројот на паралелки и ученици, односно за една година, бројот на паралелки се намалил од 11.057 на 10.997, додека пак бројот на ученици од 184.910 на 182.245.
Единствено што е во пораст е бројот на наставници во основното образование, од 19.326 на 19.609 наставници.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *