АЛЕКСАНДАР ДЕЛИЏАКОВ, ДИРЕКТОР НА СОУ „ЈОСИФ ЈОСИФОВСКИ“:

„ИСКРЕНО СЕ РАДУВАМ ШТО НАШЕТО УЧИЛИШТЕ СЕ РАЗВИВА КАКО ЗАЕДНИЦА НА КВАЛИТЕТОТ, КРЕАТИВНОСТА, СЛОБОДНИОТ УМ И НОВИТЕ ИДЕИ“
 
Вчера, 25 април, во Народниот театар, СОУ „Јосиф Јосифовски“ – Гевгелија со музичко-драмска програма го одбележи својот патронен празник.
Училиштниот хор, под раководство на Илија Атанасов ја изведе Химната на Македонија, како и две хорски композиции, по што пред присутните, свое обраќање имаше директорот Александар Делиџаков.
 
Тој, во своето обраќање истакна:
„СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија е пример за успешно училиште кое гордо стои чекор напред во иновативниот воспитно- образовен процес, училиште во кое за време од 70 години образование многу ученици успеале да ги постигнат своите цели, да стекнат знаења, вештини и вредности и така подготвени да се вклучат во градење на денешното општество и да го збогатат со своите таленти и способности.
Наставниот кадар во СОУ„Јосиф Јосифовски“ има клучна улога во образованието, бидејќи нашите наставници не само што им пренесуваат знаења на своите ученици, туку и ги инспирираат, мотивираат и поддржуваат учениците во нивните напори за учење и развој, а преку различните активности и проекти ги поттикнуваат да развијат критичко мислење, креативност, одговорност, дисциплина и тимски дух.
Искрено се радувам што СОУ “Јосиф Јосифовски” се развива како заедница на квалитетот, на креативноста, на слободниот ум и на новите идеи. “
 
Во уметничката програма,учениците изведоа драмски сцени „Требаше да биде романтична вечер“, под менторство на Даниела Џишева и Александра Ќаева, по што следуваа и пародии на драмски сцени од Вилијам Шекспир, под менторство на Андријана Џинова, Кристина Пренда и Емилија Дуганова.
Помеѓу драмските сцени, беа изведени композициите „Галебе мој“ со Ања Поп-Костова и Ангела Зафирова и „За нас“ со Иван и Никола Илиевски.
Вечерта на одбележување на патрониот празник заврши со играта „Don’t stop me now“. Техничката аудио-визуелна обработка на одбележувањето на патрониот празник беше на Тони Аврамов.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *