ДАНИЕЛ УГАРЧЕВ ОД СОУ „ЈОСИФ ЈОСИФОВСКИ“ ОСВОИ ЗЛАТЕН МЕДАЛ НА НАТПРЕВАРОТ ВО РОБОТИКА И ЕЛЕКТРОНИКА

Во периодот од 22 април до 25 април на Факултетот за електротехника и информациски технологии ФЕИТ во Скопје се одржа натпреварот во роботика, вештачка интелигенција и електроника за учениците во средните училишта од Македонија – ROBOMAC Junior 2024. Главен организатор беше токму ФЕИТ и студентскиот огранок на ИЕЕЕ.

На натпреварот учествуваа 54 учесници од четврта година од 26 средни училишта од Македонија, кои се натпреваруваа во две категории. Во категоријата АВТОНОМНА МОБИЛНА РОБОТИКА, организирана од Институтот за автоматика и системско инженерство, златен медал освои ученикот Даниел Угарчев од СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија.

Освен активностите од натпреварувачки карактер, учесниците имаа можност да следат и неколку предавања во кои беа претставени популарни теми од роботиката, вештачката интелигенција и електрониката, одржани од професори и експерти во областа.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *