СО ТРКА И КОНЦЕРТ ВО ЧЕСТ НА ЃУРГИЦА ЌАЕВА ВО ГЕВГЕЛИЈА СЕ ОДБЕЛЕЖА СВЕТСКИОТ ДЕН НА ПУЛМОНАЛНА ХИПЕРТЕНЗИЈА

5 мај, Светскиот ден на Пулмоналната хипертензија, во Гевгелија денес, на 28 април 2024 година се одбележа со концерт и трчање. Организатори на овој настан беа Асоцијацијата на пулмонална хипертензија „Момент плус“, помогнати од Општина Гевгелија. Во 11:00 часот започна културно забавниот настан на плоштадот во Гевгелија, на кој учество зедоа локалните музички имиња, групите „Хитс“ и „Фониа“, како и пејачите Филип Ангов, Теда, Оливера Станковска, Марија Ичкова, Мартин Костадинов форевер, како и ансамблот „Бојмија“ и денс студиото „Мистик“.
 
Во12:00 часот, со учество на над 90 учесници, се одржа и трката во чест на некогашната претседателката на Асоцијацијата на пулмонална хипертензија на Македонија, „Момент плус“, Ѓургица Ќаева, која пред четири години ја изгуби битката со оваа подмолна болест. Учесниците во оваа трка истрчаа 5 километри од патеката Милци до центарот на градот.
 
Ѓуѓица Ќаева беше борец и активист за правата на пациентите кои боледуваат од Пулмонална хипертензија и таа вака зборуваше до последниот здив:
„На 5 Мај на Светскиот ден за Пулмонална хипертензија, нема да барам од министрите да трчаат со нас, затоа што немаме ист маратон, нема да барам да ги офарбаaт пурпурни зградите, па и цела Македонија да ја офарбаат тој ден, се е тоа џабе. Затоа што, тоа е нешто како цреша на торта и кое се прави во држави каде пациентите имаат се, од третман, до социолошка, психолошка подршка, социјално подржани.
До последен здив ќе се борам и зборувам.“

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *