ДЕНЕС Е ВЕЛИКА САБОТА, ДЕН ПОМЕЃУ СМРТТА И ВОСКРЕСЕНИЕТО, РАСПНУВАЊЕТО И РАДОСТА

Сабота, значи покој. Велика Сабота е ден на покојот, ден на Покојникот, ден на Најголемиот покој и на Најголемиот Покојник.
Велика Сабота е денот меѓу смртта и воскресението, меѓу Петок и Велигден, денот што ги спојува распнувањето и радоста.
На Велика Сабота во текот на денот се прават последните подготовки за празникот, а вечерта се очекува долгоочекуваниот празник.
Велика сабата се нарекува и за душа , затоа што тогаш се оди на гробовите на починатите роднини. Се носат насликани јајца, пченица и месен леб.
На Велика Сабота ноќта – на полноќ, се објавива најрадосната вест – веста за Христовото воскресение. Тоа е најсветлата ноќ – ноќ посветла од ден.
 
Велигденската радост е најголемата и најсветлата радост на христијаните. Таа е радост за најголемиот празник, за најголемиот Ден – Велигден – радост за Воскресението на нашиот Господ и Спасител Исус Христос.
Таа радост е света радост и не е споредлива со никоја друга радост. Таква радост нема и не може да има. Таа радост е вечна како радоста на блаженството – а блаженството е постојана радост на душата.
Верниците палат свеќи и сите се поздравуваат со “Христос воскресна!”, А одговорот е – “Воистина воскресна!”.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *