44 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА БРОЗ ТИТО

На денешен ден во 1980 година во Љубљана почина Јосип Броз Тито, претседател на поранешната Социјалистичка Федеративна Република Југославија. Тој ја предводеше борбата против окупаторот од 1941 до 1945 година, беше долгогодишен лидер на Комунистичката партија на Југославија и командант на нејзините вооружени сили од крајот на Втората светска војна, па сè до неговата смрт.
Погребот на Тито беше историски настан за кој се зборува до ден-денешен. Присуствуваа 700.000 луѓе, меѓу кои 209 државни и партиски делегации од 180 земји од светот, кои се поклонија пред неговиот гроб.
Мислењата за неговата улога и дело се спротивставени – за едни Тито е симбол на социјална правда, подобар и посигурен живот, голем надворешнополитички углед, а за други – диктатор со огромна политичка моќ кој се пресметувал со политичките неистомисленици.
 
Но, како и да е, жалосно е што сегашните деца никогаш нема да знаат што се тоа изгребани колена, како е да се радуваш кога татко ти ќе купеше ново „фико“, како е да го читаш списанието „Старт“, да ги слушаш Нина Спирова, Бис Без, Иво Робиќ и Силуети… Да одиш во Трст да го купиш она што не можеше во домашните стоковни куќи, да кампуваш без пари со друштвото, со нетрпение да очекуваш да дојдат државните празници, да ги почувствуваш колку се слатки првите цреши од градината на соседот и како е да се бакнуваш на тераса на некоја висока зграда, да висиш пред Ванила, и да одиш на 1 и 2 мај во Сарај, или пак на Вардарски рид.
На сликата е Јосип Броз Тито 1957 на железничка станица Гевгелија на враќање од Грција пречекан од Ристо Мурџев претседател на Извршниот совет на Гевгелија .

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *