ШЕСТ ГОДИНИ БЕЗ ГЕОРГИ ПЕТКОВ, ДОКТОР СПЕЦИЈАЛИСТ, ПЛАНИНАР И ГОЛЕМ ЧОВЕК

Често велеше: Мојата реалност се планините, шумите и природата. Се чувствувам како да живеам во некој вид паралелен универзум, илузија, за време на работната недела и потоа за викендот, на планината го наоѓам моето вистинско јас, без разлика дали сум сам или во друштво.
 
На денешен ден пред шест години, престана да чука срцето на вљубеникот во височините и ценетиот инфектолог, Георги Петков, на височина од 7.200 метри, и на чекор од остварувањето на неговиот сон, да се искачи на „покривот на светот„, Монт Еверест.
 
Пред шест години целата гевгелиска јавност го очекуваше неговото враќање, да ни ги раскаже неговите импресии од експедицијата, и да се врати повторно на своето работно место во Општата болница.За жал, не го дочекавме.
 
Еден алпинист еднаш рекол : Целта не е важна, патот е важен. А на тој пат што те водеше кон Монт Еверест, ти, Георге, веројатно го најде конечно своето прочистување.
Нека ти е вечна слава, докторе.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *