ПРАЗНИЧНА ПРОГРАМА ПО ПОВОД ДЕНОТ НА СЕСЛОВЕНСКИТЕ И МАКЕДОНСКИТЕ ПРОСВЕТИТЕЛИ СВЕТИТЕ БРАЌА КИРИЛ И МЕТОДИЈ

Светите Кирил и Методиј во Православната црква се прославуваат како „Свети рамноапостолни Кирил и Методиј, основоположници на словенската писменост и литература и се заслужни за културниот развој на сите словенски народи. Во XI век Црквата го прогласила 24 мај (11 мај по стар стил) за ден на светите просветители Кирил и Методиј. Датумот е избран бидејќи го означува датумот кога започнала Моравската мисија.
 
Чествувањето на овој голем празник оваа година во Гевгелија, Гевгелиското Архиерејско намесништво ќе го почне во Црквата „Свети Кирил и Методиј“ во предвечерието на празникот, во четврток, на 23 мај во 18 часот, со принесување Акатист со петолебие кон Светите браќа. Потоа , од 19 часот, во дворот на црквата следува настапот на Градскиот детски хор „Божилак“, а од 19,30, настап на балетската група „Дива“.
 
Наредниот ден, во петок на 24 мај кога Црквата го празнува овој голем празник, прославата продолжува од 8,30 часот со празничната Света Златоустова Литургија, на која ќе пее Градскиот мешен хор ГОРТИНИЈА, додека во 10,30 часот следува благословување на кумски колачи и Водосвет.
 
Во 11.00 часот сите граѓани кои милуваат, заедно со уметниците на Ансамбл Македонија и свештениците ќе можат да учествуваат во Литијата Богородица-Цвет кој не венее која ќе ја благослови Гевгелија.
Во 11,30 часот , црквата „Свети Кирил и Методиј“ и Дом на култура „Македонија“, во дворот на Црквата ќе организираат концерт на АНСАМБЛ МАКЕДОНИЈА и настап на мандолинскиот оркестар Полифонија.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *