СОУ „ЈОСИФ ЈОСИФОВСКИ“ ОРГАНИЗИРАШЕ ОТВОРЕН ДЕН ЗА ПОЛУМАТУРАНТИТЕ И РОДИТЕЛИТЕ

Денеска, четврток, 23 мај 2024 година, во училиштниот двор на СОУ „Јосиф Јосифовски“ беше организиран отворен ден на училиштето на кој полуматурантите и родителите имаа можност да се запознаат со наставните планови и програми и новите можности кои им се нудат на идните средношколце во учебната 2024/2025 година.
На поставените штандови, професорите и учениците од овој центар, преку флаери и практични примери им ги презентираа постојните стручни профили, како и техничките и просторни услови на присутните кои дојдоа на овој отворен ден.
 
Согласно Планот за учебната 2024/2025 година, во СОУ „Јосиф Јосифовски“ има 286 слободни места за упис на ученици во прва година средно образование, распоредени во 10 паралелки. Предвидени се 4 паралелки за гимназиско образование, од кои две со настава на македонски јазик и две билингвални – со настава на македонско-англиски јазик, за 136 ученика. Додека, за стручно образование има 150 слободни места, а учениците ќе бидат распределени во 6 паралелки. Односно, по 1 паралелка со по 25 ученика за следниве профили: хотелско-туристички техничар 4. степен, готвач / келнер 3. степен, економски техничар / бизнис администратор 4. степен, забен техничар / фармацевтски техничар 4. степен, машински техничар за моторни возила 4 степен и автомеханичар 3. степен.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *