ОДРЖАН ИНТЕРАКТИВЕН НАСТАН „ЗДРУЖИ СЕ ЗА ЗАЕДНИЦАТА“

Проектот на УСАИД: „Здружи се за заедницата“, спроведуван од Асоцијацијата „Конект“, во соработка со Фондација „Аполонија“- Гевгелија, „Индиго“ и ЕВН- Македонија, денеска беше презентиран во Гевгелија.
 
Карванот Комунити, кој е со интерактивна содржина, имаше за цел да ја поттикне заедницата да создава одржливи системи што ќе ги вклучат сите нејзини чинители да бидат двигатели на развојот и благосостојбата во заедницата.
 
Со ова се сака да се создадат активни граѓани кои нудат решенија, лидерски институции кои се партнери на граѓаните, организации кои ги поврзуваат интересите на граѓаните, одговорни бизниси што вложуваат во општото добро.
 
На овој настан беа слушнати младинските и граѓанските идеи на членовите на Фондација „Аполонија“, Регионален центар за одржлив развој, Црвен Крст Гевгелија, „Гевгелија Точак Клуб“ и Новинарскиот клуб „Јоска“ при СОУ „Јосиф Јосифовски“,кои можат да донесат позитивни промени во општеството.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *