БОГАТО КУЛТУРНО И ЦРКОВНО ЧЕСТВУВАЊЕ НА ВОЗНЕСЕНИЕТО ХРИСТОВО „СПАСОВДЕН 2024“

Оваа година Општина Гевгелија ќе го чествува со богата, четиридневна, културна и црковна програма патронот на градот –Спасовден. Програмата ќе започне на 10 јуни 2024 година (понеделник), со Концертот на Ансамбл „Бојмија“ – „Две децении, детски чекори“, којшто ќе се одржи во Народниот театар, со почеток во 20:00 часот.

 На 11 јуни (вторник), во организација на ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија, ќе се одржи традиционалната манифестација по повод Спасовден, „Распеана чаршија“. И годинава, народната песна и музика ќе се распосла низ гевгелиските улици со дефилето во кои ќе учествуваат домаќините, КУД „Распеани гевгеличани“ и останатите културно-уметнички друштва и ансамбли од другите градови во Македонија. И, концертот во манастирот „Св. Спас“, со почеток во 19:00 часот. 

Наредниот ден (12 јуни, среда), во 17:00 часот, на Вечерната Богослужба во манастирот „Свети Спас“ ќе се благословува петолебие, а по Богослужбата ќе се послужи манастирско гравче. Со почеток во 20:00 часот, културната програма ќе продолжи со музичкиот хепенинг „Македонијо, во срце те носиме“, на Градскиот плоштад. На којшто гевгеличани ќе имаат можност да уживаат во современите аранжмани на 12 македонски патриотски песни, во изведба на: Сузана Спасовска, Наум Петревски, Зуица Лазова, Миле Кузмановски, „ДНК“, Огнен Здравковски, Александар Тарабунов, Андријана Јаневска, Мина Блажев, Марија Спасовска и Ламбе Алабаковски.

На самиот празник (13 Јуни, четврток), почнувајќи од 07:00 часот, Гевгелиското Архиерејско намесништво ќе одржи Утринска Богослужба, а по неа, во 08:15 часот, Света Архиерејска литургија, со којашто ќе чиноначалствува Митрополитот Повардарски, г-дин Агатангел во сослужение на Митрополитот Тетовско-гостиварски, г-дин Јосиф, во манастирот „Св. Спас“. Вечерта, празнувањето на Св. Спас ќе биде затворено со етноперформансот „Од пастел, облекло“, во организација на Етнокореолошкиот оддел при ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија. Којшто ќе започне во 19:30 часот, а ќе се одржи во Големата сала на Народниот театар- Гевгелија.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *