ИЗВРШЕНО ПРВО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ ВОЗРАСНИ КОМАРЦИ, СЛЕДУВААТ УШТЕ ДВЕ

Во Општина Гевгелија, се спроведе првото прскање против возрасни комарци. Вчера (4 јуни 2024 година), во вечерните часови, во градот и сите населени места беше извршена теристичка, аеросолна дезинсекција со УЛВ метода против возрасни комарци, којашто ја спроведе фирмата за ДДД „Зотокс“- Скопје. 

Инаку, годинашниот третман против возрасни комарци опфаќа уште две прскања согласно склучениот договор, како и уште едно ларвицидно прскање после спроведените два третмана на стојните води покрај реката Вардар. За термините кога ќе се извршат наредните теристички аеросолни прскања, граѓаните ќе бидат навремено известени .

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *