СВЕЧЕНО ПУШТЕН ВО УПОТРЕБА МЛАДИНСКИОТ ДОМ „ИВАН КОСТАДИНОВ“ ВО МОИН

Во населеното место Моин, вчера, свечено беше пуштен во употреба Младинскиот дом „Иван Костадинов“, со што се одбележа завршувањето на реконструкцијата и реновирањето на објектот. На свеченото пуштање во употреба, присуствуваа: градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, членови на Советот на Општина Гевгелија, локални функционери и други гости кои ја проследија културно-уметничката програма, во којашто учествуваа Ансамблот „Бојмија“- Гевгелија и ученици од ООУ „Крсте Мисирков“- Гевгелија.
 
Вкупната вредност за реконструкцијата на Домот на културата во Моин, проект за којшто Општина Гевгелија аплицираше преку Центарот за развој на ЈИПР до Бирото за регионален развој, изнесува 13.551.139 денари наменети за изведување градежни работи, електрична енергија и уредување на санитарни јазли. Од кои 2.138.378 денари се сопствено учество на Општина Гевгелија, како и 2.327.904 денари со пресметан ДДВ од Буџетот на Општина Гевгелија за 2023 година за внатрешното опремување на Домот.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *