РАСПЕАНА ЧАРШИЈА 2024 – ДУХОТ НА ЕДНО ПОДЗАБОРАВЕНО ВРЕМЕ

Во организација на ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија, во 19 часот, во манастирската црква „Свети Спас“ ќе се одржи манифестацијата „Распеана чаршија 2024“ на која ќе настапат: КУД „Распеани гевгеличани“- Гевгелија, Пејачката група на Здружение на пензионери „Сава Михајлов“- Гевгелија, „Ансамблот „Распеани струмичани“- Струмица, Вокална група „Ѓердан“- Штип, Ансамблот „Распеани валандовчани“- Валандово и „Распеани штипјани“- Штип.
Духот на едно време кое повеќе го нема, времето на старите чаршии, занаетите и серенадите под пенџери, вечерва преку песна ќе го вратат учесниците на оваа традиционална манифестација.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *