НАСТРАДАА ДВАЈЦА МОТОЦИКЛИСТИ ВО ЕДЕН ДЕН ВО ГЕВГЕЛИСКО

На 13.06.2024 во 13.40 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека во село Негорци, гевгелиско, К.Т.(31) од село Прдејци, гевгелиско, управувајќи мотоцикл изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Медицински центар Гевгелија, а увид на местото извршила екипа на ОВР Гевгелија.
 
На 13.06.2024 во 15.40 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на ул.„Илинденска“ во Гевгелија се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл со велешки регистарски ознаки, управуван од Љ.П.(49) од Гевгелија и патничко возило „шевролет“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од М.Ќ.(31) од Богданци. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, а увид на местото извршила екипа на ОВР Гевгелија.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *