ЧЕСТВУВАЊЕТО НА СПАСОВДЕН ЗАВРШИ СО ПОДВИЖНИ СКУЛПТУРИ „ОД ПАСТЕЛ,ОБЛЕКЛО“

На сцената во Народниот театар- Гевгелија, вчера (13 јуни 2024 година), секоја девојка пред својата рамка беше слика и прилика за гевгеличани да ги видат убавините на македонскиот фолклор. Облечени во автентична носија од етничките предели во Македонија и со реквизити од традиционалниот живот на Македонците, учесничките во етноперформансот „Од пастел, облекло“ ги однесоа присутните на невообичаено патување низ минатото на современ начин.

 Изложбата ја отвори директорот на ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија, м-р Мирјана Крстева Массетти, а краток осврт за неа даде етнокореологот, м-р Силвестер Проле. Со оваа поставка на живи, подвижни скулптури, проект на Етнокореолошкиот оддел при ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија, беше затворена четиридневната богата, културноуметничка програма за чествување на Спасовден 2024 година.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *