ОДЛИЧЕН НАСТАП НА ГЕВГЕЛИЧАНИ НА ДРЖАВНОТО ТРИАТЛОН ПРВЕНСТВО ВО ДОЈРАН

Во Дојран се одржа Националното триатлон првенство 2024 во пливање на 800 метри, возење велосипед на 20 километри и трчање на 5 километри, во организација на Триатлон федерацијата на Македонија. Помагатели на настанот се Општина Дојран, Агенција за млади и спорт и Македонски Олимписки комитет.
 
Вчера, во сабота на 15-ти се натпреваруваа сениори, јуниори, кадети и мастерс, а пак денес, недела, на 16-ти јуни учествува деца и се одржа штафетен триатлон.
Националното првенство годинава собра близу 200 учесници од сите категории и беше спортски настан за најужното туристичко место кај нас во Македонија. На првенството учество зедоа и четворица триатлонци од Гевгелија, кои се претставија во најдобро светло.
 
Во категоријата Мастерс 2, Влатко Семенаков го освои 5-то место, Коста Гелебешев беше 7-ми, додека Дарко Прошевски се пласираше на 9-то место. Во категоријата сениори, Даниел Анчев се пласираше на осмата позиција.
На триатлонот учествуваат натпреварувачи кои се членови во триатлон клубови, но и рекреативци кои немаат членство во клуб.
 
Триатлонот во Македонија за прв пат беше промовиран од страна на спортскиот работник Ѓорги Кузмановски во 1994 година, кога беше организиран натпревар на езерото Треска. Во годините потоа, триатлон спортот стана се попопуларен во земјава, и се отворија повеќе клубови.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *