ЕДЕН ЗАГИНАТ ВО ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО БЛИЗИНА НА ГРРАНИЧЕН ПРЕМИН БОГОРОДИЦА

Од МВР информираат дека денеска (03.07.2024) во 00.30 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на автопатот од клучка Гевгелија кон Граничниот премин Богородица се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „ман“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Б.Ј.(35) од с.Селемли, општина Богданци и товарно возило „ивеко“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од С.А.(26) од с.Стојаково, општина Богданци. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Б.Ј., кој на пат кон Комплекс клиники „Мајка Тереза“ им подлегнал на повредите, а лекар констатирал смрт. Другиот возач С.А. се здобил со телесни повреди, констатирани во Општата болница Гевгелија. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гевгелија.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *