РАБОТНА ПОСЕТА НА ПРЕМИЕРОТ МИЦКОВСКИ ВО ГЕВГЕЛИЈА

„ЦЕЛТА НА ОВАА ВЛАДА Е ДА РАБОТИ ЗА ИНТЕРЕСИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ“
 
Денеска во работна посета на Гевгелија престојуваше премиерот на Република Македонија, Христијан Мицковски, кој заедно со министерот за локална самоуправа Златко Перински, пратеничката во Македонското собрание, Ангелина Петкова и Градоначалникот на Општина Гевгелија, Андон Сарамандов со своите соработници, присуствуваше на пуштање во употреба на еден капитален објект, патниот правец од Гевгелија до ГП Богородица, проект вреден 19 миолиони денари, средства од буџетот на општина Гевгелија, како и започнување на реконструкцијата на спортската сала ДТВ „Партизан“, проект кој ќе чини 16 милиони денари, од кои 7 милиони од буџетот на општината а остатокот од Министерството за локална самоуправа, поточно од Бирото за локален економски развој, еден мултифункционален објект за многу спортови.
 
Пред медиумите најнапред се обрати градоначалникот Сарамандов, кој, освен овие два капитални проекта напомена дека во моментот на територијата на Општина гевгелија во тек се изведби на неколку проекти , и тоа, нов пазар во Миравци, реконструкција на спортско игралиште во Давидово, поставување на атмосферска канализација на ул. Ѓоко Тутушев“, како и поставување на подземна инфраструктура.
 
Целта на оваа Влада, истакна пред новинарите, премиерот Мицковски, е да работи за граѓанитe, во случајот да работи за гевгеличани. Но, не само овие објекти. Очекувам во август да почне и реализацијата на оној проект кој што цело време зборуваме, а тоа е реалоцирање на средствата од централниот буџет кон општините, со специјална намена за проекти, капитални инвестиции. За овие последни 4 месеци од годината Општина Гевгелија ќе добие соодветен буџет, веќе разговаравме со градоначалникот што ќе биде приоритет и каде тие пари ќе бидат искористени. Мислам дека ќе биде едно пријатно изненадување на гевгеличани.
Во изјава за медиумите , премиерот одговори на прашањето за изјавите на амбасадорите на САД и на ЕУ, Ангела Агелер и Дејвид Гир, кои вчера рекоа дека се против распуштање на Судскиот и Обвинителскиот совет.
 
Тој рече дека „стана практика амбасадорите да се мешаат во внатрешните работи на државата“, додавајќи дека треба да понудат решенија за проблемот со доверба во судството. . Некако стана практика амбасадорите да се мешаат во внатрешните работи на државата. Но, во ред, дури и ако е така. За оваа коалиција гласаа 600.000 граѓани, се гледа дека тоа ништо не им значи. За политиките и програмата на оваа влада. Истите велат дека состојбата со правната држава е катастрофална. Истите во нивните извештаи велат дека криминалот и корупцијата цветаат. Довербата во Судскиот совет и во Обвинителскиот совет е на 2-3%, се гледа дека работите не функционираат“.
 
„Логично е рационален и конструктивен човек кога гледа проблем да бара решение. Понудивме решение, океј, не се важни 600.000 гласови за амбасадорите, не е важна владината програма, ако знаат подобро решение нека дојдат да покажат, јас сум подготвен да разговараме“, рече меѓу другото Мицкоски во однос на изјавите на Агелер и Гир. Граѓаните немаат доверба во судскиот систем и ние тоа треба да го менаџираме.
 
На прашањето како ги коментира унисоните изјави на Мицотакис и Радев во однос на неисполнувањето на обврските превземени од нашата земја, Мицковски беше дециден:
Јас сум навикнат на омаловажување и навреди некако целиот мој живот е така проследен, но некако па секогаш на крај победувам. Ќе видиме како ќе биде во овој случај. Јас сакам ние како Балкански држави да ги следиме примерите на друг тип држави како што се Балтичките, Скандинавските, а не да живееме уште во 19 век. Треба сите заедно со изградени мостови сложно, дружно да настапуваме на трети пазари пред официјалните лица во Европската унија. Низ секаде во светот да градиме една добрососедска политика – одговори Мицкоски.
 
Во врска со Бугарската пропаганда во Албанија за време на пописот, Мицковски изјави дека тие го користат само просторот кој го остави зад себе минатата влада на СДСМ и ДУИ. Ние како Влада ќе се грижиме за сите нашинци кои живеат надвор од Македонија, а многу наскоро, рече Мицковски, јас наскоро ќе ја посетам Албанија и нашинците кои живеат таму.
Премиерот ги пофали првичните реформи во здравствениот систем, кој започна да ги спроведува министерот Таравари.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *