28-MИ ЈУЛИ – СВЕТСКИ ДЕН ЗА БОРБА ПРОТИВ ХЕПАТИТИСОТ

Под темата „Време е за акција“, овогодинешниот Светски ден на хепатитис ја нагласува потребата за соработка за да се прошири пристапот до дијагноза и третман во сите земји. Само 1 од 4 луѓе кои живеат со хепатитис Б биле дијагностицирани на време и само 1 од 5 добиле соодветен третман. Слично на тоа, само 1 од 2 лица кои живеат со хепатитис Ц биле дијагностицирани на време и само 1 од 6 биле излекувани. 
 
Од витално значење е да се доближат услугите за превенција и третман на хепатитис до заедниците на ниво на примарна здравствена заштита за да се допре до целото население и да се намалат болестите и смртните случаи. Постапувајќи сега, можеме да спасиме животи, да спречиме нови инфекции, да ги намалиме случаите на рак на црниот дроб, да ги намалиме смртните случаи, да ги намалиме трошоците за здравствена заштита и да ги постигнеме целите за елиминација на хепатитис до 2030 година.
 
Секој 28 јули во светот се одбележува Светскиот ден за борба против хепатитисот, со цел да се подигне свеста кај луѓето за значењето на вирусниот хепатитис, првенствено хепатитисот Б и Ц, Хепатитот Б и Ц, познати како „тивки убијци“, се втора најсмртоносна инфективна болест и покрај тоа што можат да се спречат, откријат и излечат.
 
Вирусната инфекција со хепатит е нашироко распространета, со заразени околу 400 милиони луѓе ширум светот. Секоја година од 6 до 10 милиони луѓе кои се ново заразени. На глобално ниво, од хепатит секоја година умираат по околу 1,4 милиони луѓе. Mакедонските статистики воопшто не се наивни. 1% од населението во Македонија е инфицирано со хроничен хепатитис Б или Ц.Соодветното лекување на хепатитот Б и Ц може да спречи појава на главните животозагрозувачки компликации на заболувањето на црниот дроб од типот на цироза и рак на црниот дроб.
 
Проценките се дека 95% од лицата со хепатит не знаат дека се заразени, што делумно се должи на недоволна свесност за проблемот и до недоволен пристап до услуги на тестирање за хепатит во државите. Тестирајте се и побарајте лекување.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *