ВОКАЛНАТА ГРУПА „MUSIC SOUL“ НА ФЕСТИВАЛ ВО РИМИНИ, ИТАЛИЈА

Осум девојки од Валандово, Гевгелија и Богданци, Ивана Коколанска, Анастасија Зафирова, Ангела Зафирова, Слободанка Арнаудова, Билјана Дуева, Ања Поп-Костова и Глорија Зафирова , со својот ментор Маја Зафирова се тимот од југот на Македонија кој ќе настапи на 21. Меѓународен Музички фестивал “РИМИНИ ФЕСТ” во Римини, Италија, од 29 јули до 3 август.
Тие се дел од вокална група “Music soul” формираа при ЗГ „Внимание“ кои на фестивалот ќе имаат свои соло настапи и настап во состав..

Меѓународен натпреварувачки и уметнички фестивал „РИМИНИ ФЕСТ“ е престижен културен настан кој се одржува во текот на летните месеци во Римини – бисерот на јадранскиот брег. Римини – не е само топло море, неверојатни песочни плажи и блага суптропска клима, туку и богато културно наследство, античка историја, магична атмосфера што е позната од филмовите на легендарниот Федерико Фелини, роден во Римини.
Како членови на меѓународното жири се поканети познати италијански културни и уметнички работници.
 
Главната цел на Меѓународниот натпреварувачки и уметнички фестивал „РИМИНИ ФЕСТ“ е да бара нови талентирани изведувачи, , да стекнува нови пријатели со исти интереси, да ја збогати мултинационалната култура врз основа на взаемно почитување на културните традиции на сите земји и народи во светот, да се популаризира креативната работа на децата и младите, да се подобрат професионалните вештини и квалификации на наставниците и лидерите на уметноста.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *