30 ЈУЛИ – СВЕТСКИ ДЕН ПРОТИВ ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ

„Достапните податоци од Националната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција, што опфаќаат две децении (2001-2021), покажуваат дека децата сочинуваат 70 отсто од жртвите во Северна Македонија. Оваа бројка значително го надминува глобалниот просек, според кој речиси една третина од сите идентификувани жртви на трговија со луѓе се деца. Просечната возраст на децата-жртви во земјата е 15 години, при што девојчињата страдаат несразмерно повеќе и се подложени на двојна експлоатација: и сексуална и трудова“, соопшти УНИЦЕФ во Скопје по повод Светскиот ден против трговијата со луѓе.
Генералното собрание на Обединетите нации во 2013 година го прогласи 30 јули за Светскиот ден против трговијата со луѓе, особено жени и деца, што претставува прекршок и сериозна закана за човечкото достоинство и физичкиот интегритет, човековите права и развојот.
 
Годинешната тема е да не се заборави ниту едно дете во борбата против трговијата со луѓе, со оглед дека статистиките на ОН покажуваат дека секое трето дете е жртва на трговија со луѓе на глобално ниво. Најголем дел од нив се девојчиња.
Глобалниот извештај за трговија со луѓе (GLOTIP) на Канцеларијата на ОН за дрога и криминал (UNODC), покажува дека децата имаат двојно поголема веројатност од возрасните да се соочат со насилство за време на трговијата со луѓе.
Протоколот за спречување, сузбивање и казнување на трговијата со луѓе ја дефинира трговијата со луѓе како регрутирање, транспорт, трансфер, засолнување или примање на лица, со закана или употреба на сила или други форми на принуда, киднапирање, измама, за измама, за злоупотреба на моќ или за ранлива положба или за давање или примање плаќања или бенефиции за да се постигне согласност од лице кое има контрола над друго лице, заради експлоатација.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *