АНГЕЛИНА ПЕТКОВА:

ПРИОРИТЕТИТЕ НА МЛАДИТЕ СО ПОПРЕЧЕНОСТ ГИ ДИСКУТИРАВМЕ НА СРЕДБА СО КЛУБОТ ЗА МЛАДИНСКИ ПРАШАЊА ВО СОБРАНИЕТО.
 
Клубот за младински прашања и политики при Собранието вчера, среда, 20 април, одржа средба со млади лица со попреченост, изјави за ТВ Нова 12, пратеничката во македонското Собрание од Општина Гевгелија, Ангелина Петкова. На средбата, рече таа, учествуваа млади активисти, претставници на повеќе граѓански организации: Младинско здружение на глуви и наглуви лица Млад знак, Здружение на граѓани Инклузива, Центар за младински активизам КРИК, Младински образовен форум и СОС Вита, како и средношколци од училиштата ДУЦОР „Партенија Зографски“ и ДУРДМОВ „Димитар Влахов“.
При тоа, како што ни изјави Петкова беа споделени проблемите со кои се соочуваат овие лица. Така, глувонемите имаат проблем што не се во можност секогаш кога е потребно да имаат толкувач, а имаат и проблеми при стекнување со возачка дозвола.. Лицата со оштетен вид рекоа дека немаат основни услови за учење бидејќи сите книги што им се потребни при учењето не се преведени на Браевата азбука, семафорите немаат звучни сигнали и слично. Телесните инвалиди се соочуваат со немање пристапни рампи за нивните колички и немање спуштени тротоари. Исто така тие се пожалија дека не располагаат со возило кое има подвижна рампа за да може да патуваат од едно место до друго.
Присутните на средбата дискутираа за препораки за начините на кои секоја општина би обезбедила попристапна инфраструктура, пристап до јавните сервиси и образование.
Беа дискутирани и препознавањето на знаковниот јазик, пристапната литература за учениците со оштетен вид, достапноста на ортопедски помагала и здравствени сервиси.
Средбата беше организирана во соработка со Парламентарниот институт, а со поддршка од Фондацијата за демократија на Вестминстер, а јас, рече Петкова бев поканета од групата на глувонеми лица, бидејќи посетувам часови за знаковен јазик во Собранието на Република Македонија

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *