АНСАМБЛOT „БОЈМИЈА“ ОД ГЕВГЕЛИЈA ГО ПРОСЛАВИ 20. ГОДИШНИОТ ЈУБИЛЕЈ

Со третиот концерт насловен како „Фолклорна приказна“, на кој настапи првата постава на ансамблот и група составена од ветерани, Ансамблот „Бојмија“ го прослави својот 20 годишен јубилеј.
Ансамблот за традиционална музика и игра “Бојмија” од Гевгелија е формиран 2004 година. Ансамблот го носи името според етничкиот предел Бојмија, предел во кој спаѓа и Гевгелиската котлина..Во него членуваат 130 членови на возраст од 10 – 25 години. Истите работат во 3 секции кои ги изучуваат традиционалните игри и песни од јужновардарскиот регион на Република Македонија – Бојмија, како и од другите краеви на државата. Ансамблот работи и со млади и талентирани музичари кои ја изучуваат македонската традиционална музика. Богатото културно наследство се презентира на многубројни домашни и меѓународни фестивали.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *