„АПРИЛИЈАДА 2023“ГЕВГЕЛИЈА ВО ЗНАКОТ НА ДЕТСКИТЕ НАСМЕВКИ И ОРИГИНАЛНИТЕ МАСКИ

Во пресрет на 1 Април, денеска, во Гевгелија се одбележа Денот на шегата со традиционалната манифестација „Априлијада 2023“ во огранизација на ЈОУ Пинерски дом „Јосип Броз Тито“. “ 
 
Шеталиштето во центарот на Гевгелија, беше преполно со маскирани деца од ЈОУДГ „Детска радост“ и клоновите и учениците од I до V одделение, кои со својата имагинација во подготовката на маските ги одушевија многубројните присутни на оваа традиционална манифестација. 
 
Жири-комисијата во состав Милена Стамкова, Александар Јанев и Адриана Манчева немаше лесна задача да ги оцени презентираните групните маски, но сепак на крајот ги прогласија најдобрите
 
I – Награда: Маска „Фаланга“ IV2 ООУ„Владо Кантарџиев “- Гевгелија.
II –Награда: Маска „Шах-мат“ IIа ООУ„Крсте Мисирков“-Гевгелија.
III –Награда: Маска „Веселко“ група Зајачиња, ЈОУДГ „Детска радост“-Гевгелија.
IV-Награда : Маска „Балонот на Бенкси“ Vб ООУ „Крсте Мисирков“ –Гевгелија.
V-Награда: Маска „Загатка“ II2 ООУ „Владо Кантарџиев“-Гевгелија.
 
Наградите ќе бидат доделени во понеделник 03.04.2023 години во просториите на овие три установи.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *