„БАЛАМОВ КОМПАНИ„ ПОБЕДНИЦИ НА ТУРНИРОТ ВО МАЛ ФУДБАЛ „КМФ МИРАВЦИ 2022“

Синоќа заврши турнирот во мал фудбал КМФ Миравци. Во финалниот натпревар се сретнаа екипите на „Баламов компани“од Негорци и „Црна река“ од Возарци. Во регуларниот тек, натпреварот заврши нерешено со резултат 3-3, а по изведувањето на пеналите, со резултат 4-2, победник стана екипата на „Баламов компани“.
 
Третото место го освои екипата на „Алупласт Васил“ од Јосифово, а четвртото „Казино Стар“ од Куклиш.
За најдобар играч беше прогласен Марио Благојевски од екипата на Баламов компани, најдобар стрелец е Антонио Јанев од екипата на Црна Река, додека најдобар голман е Крсте Плачков, исто од екипата на Црна Река.
 
Во јуниорска конкуренција, најдобри од генерацијата 2006/2007 беа играчите на Џокер Фурка, генерација 2008/2009, победници беа Gala Bau Roko Hamm, додека во конкуренција на јуниори 2010/2011, прваци станаа играчите на Кафе бар Инфинити Валандово.
 
Инаку, на овогодишниот турнир, кој се одржа во времето од 23 јули до 20 август 2022 година, учествуваа 24 екипи кои се натпреваруваа за наградниот фонд од 200.000 денари.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *