БАЛЕТСКА ПРЕТСТАВА „ЛА, ЛА, ЛА! ВО ЧЕСТ НА СПАСОВДЕН

По повод патронот на Општина Гевгелија-Спасовден, на 2 јуни, четврток, во Народниот театар во Гевгелија ќе гостуваат солисти и ансамблови играчи од Националната опера со балетската претстава „Ла, ла, ла!” во кореографија на Саша Евтимова.
Музиката е составена од познати Македонски евергрини, а режијата и идејата за костими е на Саша Евтимова. Претставата започнува во 20 часот.
 
Се работи за модерен балет за оние што сонуваат за среќа и едни времиња во кои живеевме, луѓето со кои сме ги споделувале тие мигови – ништо не може да го оживее тоа време, тоа сеќавање, тој живот освен една стара музичка миксана лента. Секоја миксана лента раскажува една приказна од различно време. Музиката е таа која не води на незаборавни патувања.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *