БУРЕКОТ Е СУЛТАНСКО ЈАДЕЊЕ И НА ПОЧЕТОКОТ БИЛ ВО ФОРМА НА КВАДРАТ

Кога утре ќе доручкувате „четврт со јогурт“, да знаете дека најпрво тој бил султански специјалитет, не бил тркалезен, туку во форма на квадрат, а зборот бурек значи-чалма.

Најчесто е исполнет со мелено месо или спанаќ и сирење, тој може да биде послужен замотан или како лазањи, а се послужува за доручек, ручек, вечера, ужина… Кога и да го јадете бурекот секогаш е сочен и вкусен.

Бурекот  дошол на територијата на поранешна Југославија кон крајот на 15 век, кога во Ниш бил создаден рецепт за „кружен бурек“. Рецептот за модерен кружен бурек е развиен во 1498 година а го претставил познатиот турски пекар Мехмед  Оглу од Истанбул.

Ниш на тој начин ја доби титулата „древна татковина на балканскиот бурек“, а од 2004 година таму се одржува манифестацијата Бурегџијада каде во 2011 година се пече најмалиот, но и најголемиот бурек во светот. Најмалата се печела во пивско капаче, а најголемата имала површина од 8 метри квадратни и тежела 200 килограми.

Тркалезен или квадратен, со сирење или со месо, нека Ви е наздравје.

И еден куриозитет за крај. Во некои земји на факултетите бурекот научно се истражува. 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *