ЦЕНТАРОТ ЗА ПОДРШКА НА НВО-ГЕВГЕЛИЈА ГО СПРОВЕДУВА ПРОЕКТОТ „ЕДНАКВОСТ И МОЖНОСТ ЗА СИТЕ“

Проектот „Еднаквост и можности за сите!“ го спроведува Центар за поддршка на НВО – Гевгелија (РЦОР) како подгрантист на проекот „Низ женски леќи: покревање на политики и буџетски инициjативи, следење на спроведувањето на локалните акциски планови за родова еднаквост“ кој го спроведува Центар за истражување и креирање политики од Скопје, финансиран од Европска Комисија. Проектот е во времетраење од 12 месеци.
Цел на проектот е унапредување на родовата еднаквост во општина Гевгелија преку унапредување во планирањето на програмите во локалниот буџет на општината. Во рамки на проектот предвидени активности се: мониторинг на Програмата за еднакви можности, средби со општинската администрација и Комисијата за еднакви можности при Советот на општина Гевгелија, подготовка на извешати, организирање на јавен настан, подготовка и дистрибуција на информативен леток. Очекувани резултати се: препораки за подобрување на Програмата за еднакви можности; ревидирање на активностите предвидени во акцискиот план за родова еднаквост и негова реална имплементација; анализа дали распределбата на буџетот е извршен на родово рамноправен начин.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *