ДАЛИ ПОПЛАДНЕВО ЌЕ ИМА ДОГОВОР МЕЃУ МОН И СОНК

ДАЛИ ПОПЛАДНЕВО ЌЕ ИМА ДОГОВОР МЕЃУ МОН И СОНК ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ И ПРЕКИН НА ШТРАЈКОТ?
 
Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) доби покана за продолжување на преговорите во 15 часот во просториите на Министерство за образование.
 
Претходно денеска, министерот за образование Јетон Шаќири изјави дека е подготвен да пренаменат дел од буџетските средства на МОН за да се доближат до процентот на покачување на платите што го бара СОНК, а Синдикатот ја поздрави заложбата.
 
„Ова нека биде добар пример и поттик за Министерството за труд и социјална политика во правец на надминување на моментната ситуација“, порача првиот човек на Синдикатот, Јаким Неделков. Тој деновиве изрази надеж дека надлежните ќе излезат со прифатлив предлог за зголемување на платите по што ќе се донесе одлука за прекин на штрајкот.
 
Денеска е трет ден од штрајкот на вработените во образованието. СОНК не отстапува платите на вработените во дејностите образование и детска заштита веднаш да бидат зголемени 18,4 отсто во согласност со порастот на минималната плата, која од овој месец е 18.000 денари и, дополнително, таа да биде основица со која ќе се множат коефициентите на сложеност на работните места.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *