ДЕБАТА НА СОВЕТОТ ЗА ЕТИКА НА МЕДИУМИТЕ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА КОРУПЦИЈАТА НА „ON LINE“ МЕДИУМИТЕ

Измена на правилникот на ДИК за финансирање на предизборните кампањи на партиите на онлајн медиумите, саморегулирање на онлајн медиумите со јасно објавено сопствеништво, редакција и уредник, етички да се сензибилираат сите кои работат во овие медиуми од новинари до сопственици, формирање фонд за медиуми.
 
Ова се само дел од заклучоците од дебатата што ја организираше СЕММ за намалување на корупцијата во онлајн медиумите а на која беа презентирани наодите од истражувањето за перцепцијата од корупција за онлајн медиумите. На дебатата присуствуваа и медиумски работници од Југоистокот.
 
,,Немањето на редовни и сигурни извори на финансирање, наспроти лошата економска состојба во државата, предизвикува политичките партии но и бизнис секторот, да имаат влијание врз онлајн медиумите и да ги злоупотребуваат со цел ширење на одредена пропаганда, остварување на бизнис интереси, сокривање на одредени проблеми, но и ширење на вести кои не се според кодексот на новинарите’’, потенцираше Габриела Андреевска од консултантската куќа која го спроеведе истражувањето.
 
Во земјава има Регистар на професионални меидуми но тој ќе мора да се контролира во поглед на тоа како работат и дали ги почитуваат стандардите. Тамара Чаусидис побара редовен преглед и контрола на сите онлајн медиуми кои се членови во Регистарот за да се добие јасна слика кој е професионален а кој не и треба да се анализираат ефектите од овој Регистар.
 
,, Веројатно треба и може да му се наметне на ДИК да ги смета како медиуми оние кои се регистрирани во регистарот ПроМедиа или било кој друг регистар. Преку моделите на финансирање ни влегува корупцијата. Нетранспарентно рекламирање е област која најмногу загрижува,, истакна новинарката Тамара Чаусидис.
 
Дебатата беше дел од серијалот на работилници кои СЕММ ги организира со новинарите и меидумските работници со цел да се подобри медиумската сфера и да се поттикне саморегулацијата на медиумите. Онлајн средбата беше организиран во рамките на проектот ,,Поддршка на слободата на изразување во медиумите во Македонија“, што го имплементира СЕММ, а го финансира ЕУ и со поддршка преку USAID.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *