ДЕДО ИЉО МАЛЕШЕВСКИ Е ПОСЛЕДНИОТ ПРОЧУЕН МАКЕДОНСКИ АЈДУТИН

Ајдутскиот војвода Дедо Иљо Малешевски починал на денешен ден во 1898 година во Ќустендил.
 
Роден е на 28 мај 1805 година во Берово, се борел во многу битки против Османлиите и поради неговото херојство го нарекувале и Цар Малешевски.
Основал ајдутска дружина кон средината на XIX век. Со својата дружина дејствувал во областа на Источна Македонија, главно во Малешевијата. Учествува во секоја војна против Осмалиската империја.
 
„Македонци нашата мајка стана и плаче со горчлив крик под турскиот оган и јатаган. Крвта на нашите родители е пролеана, синови и браќа викаат да се крене оружје против петвековните поробувачи и насилници, нашите малтретирани мајки, жени и сестри кои се под неподносливото и нечовечко турско однесување, плачат над нашите уништени домови и го чекаат нашиот одговор. Каде и да сете, побрзајте заедно со нашите оружја во нашите раце, да ги спасиме тие невини жртви од ова валнако и зајадливо понижување. Сетете се дека нашите татковци ја пролеаа својата крв за грчката и српската слобода. Македонци! Сега е време да ги убедиме нашите образовани предавници, дека Македонија дури и по пет века ропство може да раѓа и да има во себе синови, херои! Малешевски планини, Македонски востанички комитет.“
 
Востанието започнало на 17 октомври (5 октомври по стар стил) 1878 година со нападот на Кресненските анови во кои била сместена турската војска. Во нападот учествувале 400 востаници и многу селани од околните села. При самиот напад на турскиот гарнизон на востаниците им се предале 109 турски војници.
Кресненското востание било прв судир помеѓу македонското револуционерно движење и Бугарија. Очигледното мешање во политиката на востанието и водењето на борбата и спроведувањето на своите зацртани планови на бугарските комитети довеле до големи недоразбирања и судири со македонските востаници и револуционери.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *