ДЕЈАН МАЛЗАРКОВ, СИТ ДАУН „ДИВЕРЗАНТ“:

ОД „МИТИНГОТ“ НА ДИВЕРЗИЈА ВО САЛАТА „26-ТИ АПРИЛ“ ЌЕ ИСПРАТИМЕ ПОРАКА ДО СИТЕ ОНИЕ КОИ СО СВОИ ОЧИ И УШИ ГЛЕДААТ И СЛУШААТ ДЕКА ПОЗАДИ НАШИОТ ХУМОР ИМА ДЛАБОКИ ПОРАКИ
 
Утре, среда, 20 јули, во Спортската сала „26 Април“ќе се одржи МИТИНГ по повод 6 години „Диверзија Production“.Зад овој проект стојат Дејан Малзарков, како истурен „центарфор“ и Димитар Новаков, позадинска поддршка. Гевгеличани многу добро го познаваат Дејан преку урнебесните видео клипови во кои дефилираат ликовите на Чик Ване, Пецко Иглесијас, Џоче Сатријани, Добрилка Доби Калакурова и други и кои имаат досега неколку милиони прегледи на you tube.
Не сакавме да го вознемируваме Дејан премногу пред утрешниот настап, па затоа еве телеграфски што ни одговори на нашите кратки прашања.
 
„Утре на „Митингот“ ќе биде многу жешко. Стоп.Се надеваме дека ќе предизвикаме насмевка и позитивна енергија кај публиката. Стоп. Ќе ги има сите ликови во кои ме знае публиката, па така и првиот лик Чик Ване, мојот прадедо кој го имитирав на мои две години. Стоп. „Митинг“, исто како и „Училница“ зборува за иронијата или дупките на модерното и одамна дисфункционално општество. Стоп. Подготвуваме и гостувања низ Македонија, да го промовираме гевгелискиот дијалект во оваа наша преубава татковина. Стоп. Проблем со инспирацијата немаме. Стоп.Во име на Диверзија, нашата позитивна група на ентузијасти и уметници им порачувам на сите кои што ќе дојдат на Митингот, дека се она што го ветивме пред настапот и ќе го оствариме.Стоп. “

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *