ДЕНЕС Е ЛАЗАРЕВА САБОТА, ДЕН КОГА ХРИСТОС ГО ВОСКРЕСНАЛ ЛАЗАР

На Лазарова сабота именден слават оние кои го носат името Лазар и неговите варијации.
Православните христијани денес го слават еден поголемите празници Лазарова сабота, денот на кој Исус Христос го воскреснал Лазар, кој бил три дена мртов.
 
Лазарова сабота е еден од поголемите христијански празници кој спаѓа во празниците од пролетниот циклус и има променлив празник, но секогаш се паѓа еден ден пред Цветници, кои се точно една недела пред најголемиот празник Велигден.
На Лазарова сабота се споменува чудесното воскресение на четиридневно упокоениот Лазар извршено од Исус Христос.
 
Овој настан бил на шест дена пред предавството и убиството на Христос на Голгота. На Лазарева сабота обичај е да се носат гранчиња од врба што симболично претставува свечено Христово влегување во Ерусалим, каде што го пречекале следбениците. Сето ова е само предвесник на Христовото воскресение.
 
Во Гевгелија и во Македонија овој празник има големо значење и масовно се прославува низ целата земја. Од раните утрински часови групи девојчиња облечени во традиционална невестинска облека одат низ населените места и пеат лазарски песни. Има повеќе лазарски песни и се користат според личниот, семејниот или општествениот статус на лицето за кое е наменета песната.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *