ДЕНЕС Е МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА ДЕЦАТА

Денес се обележува Меѓународниот ден на децата – 1 јуни. Одлука за прогласување на овој ден за посебен ден на децата е донесена од страна на УНИЦЕФ во 1925 година на Светската конференција за благосостојба на децата одржана во Женева, Швајцарија и претставува нов почеток во подобрување на можностите за најмладите.
Правата на децата во Македонија се остваруваат согласно Конвенцијата за правата на детето на Обединетите Нации и законска регулатива во Република Македонија.
 
Најновите истражувања на Првата Детска Амбасада во светот “Меѓаши” од Македонија, покажуваат дека дури 70 % од децата во нашата земја не знаат ниту едно свое право. Значително мал број на деца бараат помош од училишните психолози и педагози, а за своите права најчесто дознаваат во училиште.
Непријавена и неказнета најчесто останува злоупотребата на детскиот труд, кога родителите ги тераат децата да работат. Правобранителството бара децата од улица да влезат во посебна категорија на заштита, како и да се отворат посебни центри во кои би се третирале децата зависници од дроги, но и трговија со деца.
 
Секоја година повеќе од 1 000 деца во Македонија се жртви на полови напади, најчесто од своите родители, пријатели или соседи. Статистиките покажуваат дека 18 000 деца до 18 години не одат на училиште. Околу 2 000 деца се на улица и тие најчесто се жртви на злоупотреба. Исклучени од воспитно-образовниот процес, тие најчесто се жртви на сексуална злоупотреба, на педофилија, трговија со деца и слично.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *