ДЕНЕСКА Е СВЕТСКИОТ ДЕН НА ОКЕАНИТЕ

Неофицијално, овој ден се слави секој 8 јуни по предлог кој го дала Канада во 1992 за време на Самитот за планетата Земја кој се одржал во Рио де Жанеиро, Бразил, а бил официјално признат од страна на Обединетите Нации во 2008 година .
 
Тие се белите дробови на нашата планета, обезбедувајќи поголем дел од кислородот што го дишеме. Целта на денот е да се информира јавноста за влијанието на човековите активности врз океанот, да се развие глобално движење на граѓаните за океанот и да се мобилизира и обедини светското население на проект за одржливо управување со светските океани. Тие се главен извор на храна и лекови и клучен дел од биосферата.
 
Океаните служат како најголем светски извор на протеини.
Океаните апсорбираат околу 30% од јаглерод диоксид произведен од луѓето, амортизирајќи ги влијанијата на глобалното затоплување.
Најдолгиот планински венец во светот е под вода, наречен средноокеански гребен и се протега на 80.000 километри. До 1973 година никој не го проучувал овој гребен, а потоа подморницата „Архимед“ го направила првото истражување на ланецот.
 
Ровот Маријана е најдлабокото место во океанот, како и најдлабокото место во земјината кора, неговата најголема измерена длабочина е 11 км.
Интересно е што до 2000 година се сметаше дека има 4 океани, но од таа година официјалниот пристап е дека има 5 светски океани: Тихи (Пацифик), Атлантскиот, Индискиот, Јужниот и Арктичкиот океан.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *