ДЕВЕТМИНАТА УЛТРАМАРАТОНЦИ, МЕЃУ КОИ И ГЕВГЕЛИЧАНИТЕ АНЧЕВ, СЕМЕНАКОВ И ТУРТУРОВ, КОИ ТРЧААТ ВО ЧЕСТ НА ТОШЕ ПРОЕСКИ, ПОПЛАДНЕВО ТРГНАА ОД НОВА ГРАДИШКА КОН КРУШЕВО

Традиционалниот 16-ти по ред маратон, во чест на Тоше Проески, а по повод шеснаесетгодишнината од смртта на македонскиот ангел, тргна попладнево во 17 часот од Нова Градишка во присуство на амбасадорот на Република Македонија Милаим Фетаи, градоначалникот на Крушево, Томе Христоски, заменик градоначалникот на Нова Градишка Борислав Видишиќ, претставници на Туристичката заедница на Нова Градишка, и, се разбира, докторката Тереза Гргиќ, докторката која тоа кобно утро на 16 октомври го прими телото на Тоше Проески во Болницата во Нова Градишка.
 
Пред да тргнат маратонците на пат долг 900 километри, тие положија цвеќе пред споменикот на Тоше кај Новоградското електротехничко-економско училиште..
На испраќањето, градоначалникот на Крушево, Томе Христоски истакна:
„Чест ми беше заедно да го отвориме ултрамаратонот по повод 16 годишнината од сообраќајната несреќа на Тоше и да ги испратиме маратонците кон Крушево.
 
Заедно продолжуваме да работиме, соработуваме на разни сфери од општественото живеење и на промоција, како заштита и негување на името на Тоше Проески. Несреќата на големата балканска музичка ѕвезда и наш сограѓанин Тоше Проески не спои не само како општини, туку и како пријатели. Она што Тоше го направи во својот прекраток живот тешко дека ќе биде повторено некогаш. 
 
Правеше добри дела во неговиот живот, а она што ни го остави не поттикна да создаваме нови пријателства. Драго ми е што навистина се зближивме со општината во чија близина се случи трагичната сообраќајна незгода. Жал ми е што поводот е тажната судбина на Тоше Проески, но нашиот пејач отсекогаш познавал само пријателство, толеранција и неговото дело не обединува. И по неговата смрт неговите дела не поттикнуваат да шириме само обединетост и љубов.“

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *