ДРУШТВОТО НА ПИСАТЕЛИТЕ НА МАКЕДОНИЈА ОДБЕЛЕЖУВА 77 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ

На денешен ден, 13 февруари, 1947 година, во Скопје било основано Друштвото на писателите на Македонија.
Основачи биле Блаже Конески, кој бил и прв претседател, Димитар Митрев, Славко Јаневски, Ацо Шопов, Владо Малески, Ристо Крле, Васил Иљоски и Иван Точко.

На македонските писатели ниту некој им наложил со декрет да пишуваат на јазикот на кој пишуваат, ниту пак некој може со декрет да им го забрани тоа. Длабокиот исконски порив книжевно да ги искажуваат љубовта, тагата, болката, радоста, да мислат и да чувствуваат на јазикот научен во мајчиното крило, е нешто што никој не може насилно да им го одземе, ниту да го спречи.
 
По тој повод, денес, на 13 февруари 2024 година, со почеток во 11 часот, во свечената сала на Друштвото на писателите на Македонија, се одржа Отворен поетски ден на кој се одбележи 77-годишнината од постоењето на ДПМ со поетско читање и настап на повеќе македонски поети.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *